ЧЕТВРТАТА СЕЗОНА НА „БЕЛИОТ ЛОТУС“ ЌЕ СЕ СНИМА НА ЈУГОТ НА ФРАНЦИЈА

Њујорк, (Индипендент)

Четвртата сезона на хит-серијата „Белиот лотус“ ќе се снима во јужна Франција, изјавија ѕвездите на третата сезона Џејсон Ајзак и Паркер Пози.

Пози (56) и Ајзак (62) глумеа богат брачен пар во третата сезона на серијата.

„Креаторот Мајк Вајт е во јужна Франција токму сега. Таму ќе биде четвртата сезона“, изјави Пози на црвениот тепих на наградите Еми на 14 септември.

Претходните сезони на серијата во продукција на Ејч-Би-О се снимаа во хотели на „Фор сизонс“ на Хаваи, Сицилија и Тајланд. Холивудските медиуми пренесуваат дека четвртата сезона ќе се снима во хотелот „Grand-Hôtel du Cap-Ferrat’ на полуостровот Сен Жан Кап-Фера (фото). Се очекува снимањето да почне следната година.