НИКОГАШ НЕ СУМ БИЛА ПОСРЕЌНА И ПОЗДРАВА, КАЖА ЕМА ВОТСОН ЗА ОДЛУКАТА ДА ПАУЗИРА ОД ГЛУМАТА

Лондон, (Гардијан)

Ема Вотсон проговори за својата одлука да ја паузира актерската кариера во корист на академското образование во ново интервју за „Холивуд автентик“. Ѕвездата на филмовите за Хари Потер не глумела во филм од декември 2018, кога го заврши снимањето на „Мали жени“ и рече дека „сега е можеби најсреќна и најздрава што некогаш била“.

„Иако уживав во самата работа, дополнителните промотивни должности не беа толку по мој вкус. Поголемата компонента од самата работа се промоцијата и продажбата на тоа дело. Рамнотежата на тоа може да биде доста изместена. Ќе бидам искрена и директна и ќе кажам: не ми недостига продажбата на работи. Сметам дека тоа е доста уништувачко за душата. Но, многу ми недостигаат користењето на моите вештини и уметноста“, рече Вотсон.

Вотсон е во јавноста од 2000, кога на десет години беше избрана за улогата на Хермиона за франшизата „Хари Потер“. Тоа ѝ ги отвори вратите на успешна актерска кариера, што ненадејно одлучи да ја прекине заради други интереси.

„Не ми недостига притисокот од снимањето. Заборавив дека тоа беше голем притисок“, призна 35-годишната Вотсон.

Таа дипломираше англиска литература на Универзитетот Браун во САД во 2014, а моментално е на мастер студии по креативно пишување на Оксфорд.