Филмските легенди Роберт де Ниро и Ал Пачино се обединија во рекламната кампања на модната куќа „Монклер“ насловена „Потопли заедно“, која промовира дека вистинската топлина не доаѓа од облеката, туку од човечката поврзаност.

„‘Монклер‘ со децении е симбол за јакни со пердуви и зима, но отсекогаш сум сакал брендот да претставува нешто подлабоко“, изјави претседателот на компанијата Ремо Руфини.
Кампањата се снимаше во Њујорк и содржи црно-бели фотографии и кратки видеа во кои Пачино и Де Ниро зборат за пријателство, доверба и почит. Тие претходно снимија четири филма заедно, почнувајќи од „Кум 2“ од 1974.