Поп-ѕвездата Кејти Пери и бившиот канадски премиер Џастин Трудо потврдија дека се во врска откако првпат се појавија во јавност како двојка. Тие се држеа за раце додека одеа на роденденската забава на Пери во ноќниот клуб „Крејзи хорс“ во Париз. Таму им се придружија и нивни пријатели.
Пери (41) и Трудо (53) првпат беа видени заедно во јули, истиот месец кога таа ја раскина свршувачката со актерот Орландо Блум. Трудо, пак, се разведе од сопругата Софи во 2023 по 18 години брак.
„На Кејти многу ѝ се допаѓа Трудо. Многу е среќна. Се обидуваат да ја држат врската подалеку од очите на јавноста. Поминуваат доста време заедно“, изјави еден извор за „Ју-Ес викли“.
(Фото; Бекгрид)