Американската поп-ѕвезда Кејти Пери за првпат настапи во Косово, како главна ѕвезда на „Сани Хил“ фестивал во Приштина. Со спектакуларен концерт, впечатлива кореографија и повеќе пресоблекувања, таа ја воодушеви публиката, а во еден момент се симна и меѓу фановите.
За време на настапот, Пери ѝ се заблагодари на својата блиска пријателка Дуа Липа што ја запознала со земјата.
Иако Дуа Липа оваа година не настапи, таа и нејзиното семејство остануваат главните организатори на фестивалот преку Фондацијата „Сани Хил“, која ги поддржува младите во образованието, уметноста и културата.
Покрај Кејти Пери, на главната сцена настапија и Луис Капалди, Мартин Гарикс, Дурата Дора, Бланко и други музичари, додека електронската сцена собра светски познати диџеи.
„Сани Хил“, кој од 2024 година се одржува во Приштина, прерасна во еден од најголемите музички фестивали во регионот.
Фото: „Сани хил“ – Инстаграм