ЗОРАН КЕСИЌ СО ШОУТО „ПРИКАЗНИ И ПЕСНИ“ НА 24 НОЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Српскиот ТВ-водител и сатиричар Зоран Кесиќ ќе гостува во Скопје со шоуто „Приказни и песни“ на 24 ноември од 20 часот во Филхармонија, објави продукција „Компот“.
„Зошто приказни и песни? Затоа што ова не е само шоу, ова е приказна која се пее и раскажува, каде Кесиќ пренесува свој поглед на животот. Ова шоу е сè наеднаш, малку стендап, малку претстава, малку прес-конференција и малку собрание на идеи што го дефинираат денешниот свет. Темите што ги обработува се политика, секс, пензионери, Библија, корупција, фудбал“, велат организаторите.
Кесиќ е автор на шоуто „24 минути“ кое е популарно во регионот. Билетите се во продажба преку мрежата на drugastrana.mk