ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР ГОСТУВА ВО СПЛИТ СО „СИНИОТ ПОРТОКАЛ“

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва (17 ноември) гостува во Сплит со претствата „Синиот портокал“.

Претставата ќе се одигра во Градскиот театар на младите Прокуратива од 18:30 чaсот, како дел од манифестацијата „15. Македонска културна есен во Сплит“, во организација на Заедницата на Македонците од Хрватска и Македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит.

„Синиот портокал“ е најдолговечната претстава на Велешкиот театар, која се игра повеќе од седум и пол години. Работена е по текст на Британецот Џон Пенхол, во режија на Александар Ивановски. Во претставата играат Фаик Мефаиловски, Жарко Спасовски и Благојчо Стојанов.

П. ПЕЧКОВ