Македонскиот народен театар (МНТ) денеска (19 ноември) гостува во Националниот театар во Будимпешта со наградуваната претстава „Ничија земја“ на режисерот Александар Морфов. Претставата е работена според сценариото на босанскиот режисер Данис Тановиќ, чиј истоимен филм освои Оскар за најдобар странски филм во 2001.
Гостувањето следи по потпишувањето на меморандумот за соработка, а напролет, унгарскиот Национален театар ќе настапи во МНТ.
Во претставата играат Сашко Коцев, Тони Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Борче Начев, Оливер Митковски, Софиа Насевска-Трифуновска, Александар Михајловски, Томе Станковски, Александар Ѓорѓиески, Дамјан Цветановски, Ненад Анѓелковиќ, Никола Стефанов, Стефан Спасов, Григор Јовановски, Кристина Гиева, Филип Миленкоски, Александар Ивановски и Марија Кондовска.
(Фото: МНТ)