Денеска (19 ноември) од 20 часот, во Камерната сала на Филхармонијата солистички концерт ќе одржи пијанистката Дуња Иванова. На концертот ќе се слушне циклусот „10 пурпурни ноктурна за пијано“ од композиторот Давор Јордановски.
„Програмата ги опфаќа десетте пиеси од циклусот, дела што ги спојуваат лиричноста, модерната хармонска мисла и впечатливата звучна естетика на авторот. Овој концерт претставува прва целосна изведба на циклусот во живо по неговото студиско издание“, велат организаторите.
Влезот е слободен.