Светлосни конструкции, големи ЛЕД платна и аудиотехнологија со светски стандарди се подготвуваат за гостувањето на грчкиот техно/хаус диџеј и продуцент Арги во Скопје на 13 декември во салата „Борис Трајковски“.
„Ова ќе биде настан што по стандарди, продукција и енергија стои рамо до рамо со најголемите светски фестивали“, вели организаторот, продукцијата „Прагма“.
Арги, чие вистинско име е Аргирис Теофилис, е познат по своите енергични сетови, а соработувал со музичари како Соломун и Мартинез брадрс. Музичката кариера ја започнал на почетокот на 2000-тите во клубови на Ибица и Миконос, а денес живее во Англија.
Арги доаѓа во Скопје по настапите во Атина, Париз, Берлин и други европски градови.