НА 24 ДЕКЕМВРИ ВО МАЛА СТАНИЦА СЕ ОТВОРА ИЗЛОЖБАТА „ЛИЦА“ НА АНГЕЛ КОРУНОВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Лица“ е насловена изложбата на скулпторот Ангел Коруновски, што ќе се отвори утре (24 декември) во 19 часот во мултимедијалниот центар Мала станица во Скопје.

Оваа серија на дела е инспирирана од невидливото, од анонимните, занемарени и замолчени поединци кои се движат низ сложеноста на глобализираниот и наметнато корумпиран свет, се вели во најавата на изложбата.

Куратор на изложбата е Горанчо Ѓоргиевски.