ОБЈАВЕН ТРЕЈЛЕР ЗА НОВИОТ ЕПСКИ ФИЛМ НА НОЛАН, „ОДИСЕЈА“

Лос Анџелес, (Вараети)

„Јуниверзал“ го објави првиот трејлер за „Одисеја“, силно очекуваната адаптација на легендарната сага на Хомер, режирана од Кристофер Нолан.

Филмот го следи грчкиот херој Одисеј (Мет Дејмон) додека патува дома по Тројанската војна. Дејмон глуми покрај Ен Хатавеј, Зендаја, Том Холанд, Лупита Њонго, Шарлиз Терон, Мија Гот, Бени Сафди, Џон Бернтал, Џон Легуизамо и други. Нолан го напиша сценариото и го продуцираше филмот заедно со неговата сопруга Ема Томас.

„Јуниверзал“ минатиот декември соопшти дека филмот ќе биде снимен низ целиот свет со користење на сосема нова филмска технологија Ајмакс.

„Одисеј“ доаѓа во кината на 17 јули 2026, повеќе од две години откако последниот филм на Нолан „Опенхајмер“ освои седум оскари.