АНА КУРНИКОВА И ЕНРИКЕ ИГЛЕСИЈАС ГО ДОБИЈА ЧЕТВРТОТО ДЕТЕ

Њујорк, (Пипл)

Енрике Иглесијас и Ана Курникова објавија дека го добија четвртото дете. Тие споделија фотографија од бебето, родено на 17 декември.

„Нашето сонце“, напишаа тие, без да ги откријат полот и името на бебето.

Курниковa (44), која ја заврши тениската кариера во 2003, ја започнала врската со Иглесијас (50) во 2001 откако се појави во еден негов спот, но никогаш не се венчаа. Тие веќе се родители на осумгодишните близнаци Луси и Николас и петгодишната ќерка Мери.