Вечерва (22 октомври) од 20 часот, во Ликовниот салон во Велес ќе се одржи концерт на францускиот гитарист Роман Петио и кларинетистот од Велес, Иван Иванов.
„На концертот ќе се слуша танго, романса и фолк музика“, вечат организаторите.
На програмата се дела на Астор Пјацола, Енрике Гранадос, Мануел Де Фала, Бела Барток, Бела Ковач и Дарија Андовска.
Роман Петио (фото) е истакнат француски класичен гитарист и музички педагог, кој е сопруг и долгогодишен сценски партнер на флејтистката Елена Стојческа.
Иван Иванов магистрирал џез-студии на Универзитетот во Грац, Австрија. Има работено на бројни мјузикли во Германија и настапувано со познати европски биг-бендови. Моментално работи како доцент на Музичката академија во Скопје.
П. ПЕЧКОВ