ОХРИДСКО-СКОПСКИОТ БЕНД „МАРАТОНЦИ“ Е ПОБЕДНИКОТ НА ГОДИНАШНИОТ ЛУЗЕР ФЕСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Охридско-скопскиот бенд „Маратонци“ е победникот на годинашниот фестивал на демо групи Лузер фест, што се одржа во клубот „Лабораториум“ во Скопје. За награда, „Маратонци“ добија 1.000 евра за снимање албум, сингл или спот и настап на следното издание на Д фестивал во Штип.

Учесници на Лузер фест беа и „Сајд квест“, „Малард“, „Еритра“, „Мираж“, „Санитер“, „Карма скејл“ и „Гној“.

„Маратонци“ почна како дуо во Охрид, а потоа се прошири со уште тројца членови од Скопје. Нивната музика претставува комбинација од разни стилови, како реге, панк, хип-хоп, поп-рок, фанк…

(Фото: Фејсбук)