КАНАДСКИОТ ДИРИГЕНТ НЕЗЕТ-СЕГИН ГО СМЕНИ КОНЦЕПТОТ НА ВИЕНСКИОТ НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ И ЈА ВООДУШЕВИ ПУБЛИКАТА

Виена, (Вечерњи лист)

На традиционалниот новогодишен концерт на Виенската филхармонија, кој се одржа вчера (1 јануари), во празнично украсената „Златна сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“, за првпат диригираше канадската диригентска ѕвезда, маестро Јаник Незет-Сегин (50) кој воведе голем број новини.
Шармантниот Канаѓанец со платинесто обоена коса и лакирани нокти, за разлика од повеќето негови многу постари претходници му даде нова, лична нота на овој концерт.
Концертот го одбележа „револуционерниот потег на канадскиот диригент“, кој направи многу работи поинаку од другите и се погрижи да изненади. Прво, тој го отстрани диригентскиот подиум и свиреше со музичарите од Филхармонијата од истото ниво. Диригентот се симна во во публиката за време на изведбата на „Радецки марш“, нешто што никој досега не го направил. Јаник, кој успешно соработува со Виенската филхармонија веќе 15 години, реши да заобиколи некои од претходните стандарди на речиси деветдеценискиот Новогодишен концерт и се обиде да го направи посовремен во што очигледно успеа. Потврда за ова не се само овациите, туку и долгите и бурни аплаузи на воодушевената виенска публика по секоја изведба.

На концерот за првпат диригираше канадската диригентска ѕвезда, маестро Јаник Незет-Сегин (50) кој воведе голем број новини (Фото: Вечерњи лист)

Незет-Сегин претходно кажа дека е за отвореност кон современите музички трендови и дека се залага за разновидност.

На концертот имаше пет светски премиери, вклучувајќи дела од двајца композитори, Жозефин Вајнлих и Флоренс Прајс, а се одбележа и 80-годишнината од изведбата на популарниот „Радецки марш“, кој задолжително се свири на Виенскиот новогодишен концерт.