АВТОРКАТА НА „ОЗБОРУВАЧКА“ ПИШУВА КНИГА ЗА ЛИКОТ НА БЛЕР ВОЛДОРФ

Лос Анџелес, (Дедлајн)

Речиси 25 години откако излезе книгата „Озборувачка“ (Gossip Girl), писателката Сесили вон Зигисар пишува книга само за ликот на Блер Волдорф. Од 2007 до 2012 се емитуваа шесте сезони на истоимената серија со Блејк Лајвли и Лејтон Мистер (фото) во главните улоги.

Насловена „Блер“, новата книга е сместена 20 години по настаните од бестселерот.

Иако деталите за приказната сè уште се чуваат во тајност, се очекува книгата да ја следи богатата девојка како се враќа во Њујорк за повторно да се искачи на врвот на општествената хиерархија на Апер Ист Сајд. Најавено е дека книгата ќе излезе летото 2027.