Популарната тинејџерска драма „Озборувачка“ ќе добие нова верзија и ќе се случува осум години по завршувањето на оригиналната серија, која ги прослави Кристен Бел и Блејк Лајвли.

Новите десет едночасовни епизоди ќе се емитуваат на „Ејч-Би-О макс“, новиот стриминг сервис на „Ворнер медија“. Засега не се познати кастингот и датумот на премиерата на новата серија.

„Озборувачка“, која следеше група разгалени њујоршки тинејџери, се емитуваше од 2007 до 2012 година и се здоби со култен статус. Новата верзија ќе прикаже како социјалните мрежи и самиот Њујорк се промениле во последната деценија, велат продуцентите.

Најавено е дека „Ејч-Би-О макс“ ќе биде лансиран во почетокот на следната година, а меѓу оригиналните содржини ќе биде и анимирана серија базирана на филмовите „Гремлини“.