СКИМО ДЕБИТИРА КАКО ОЛИМПИСКИ СПОРТ, КОМБИНИРА СКИЈАЊЕ И ПЛАНИНАРЕЊЕ

Милано, (Би-Би-Си)

За првпат од Игрите во Солт Лејк Сити во 2002, во програмата на Зимската олимпијада е додаден нов спорт. Тоа е скијачко планинарење или скимо, чии натпревари ќе се одржуваат во Бормио и ќе вклучат машки и женски спринт и мешана штафета.

Скимо комбинира алпско скијање, скијачко трчање и скијање и одење нагоре во една трка. На веб-страницата на Олимписките игри е опишан како возбудлив и интензивен спорт исполнет со адреналин, кој им овозможува на учесниците да се поврзат со природата и недопрените пејзажи.

Спортистите почнуваат со краток спринт по нагорнина со лепливи облоги на скиите за да обезбедат влечна сила. Потоа ги вадат скиите, ги ставаат во ранецот и продолжуваат да се искачуваат пеш. Понатаму, по искачувањето на нагорнина со скии, ги вадат облогите и се спуштаат надолу до целта.

Опремата вклучува лесни скии долги само 150 сантиметри за жените и 160 за мажите и лесни чизми. Опремата е стандардизирана, при што натпреварувачите ги мерат своите чизми, скии и врвки во грамови по натпреварите.

Во овој спорт традиционално доминираат Европејците, особено Франција, Италија и Швајцарија, но и САД ќе имаат свои адути.

(Фото: Гети)