Легендарниот бенд „Архангел“ ќе одржи самостоен концерт на 13 јуни на Стадионот на АРМ во Градски парк во Скопје, објави „Адријатика рекордс“ со седиште во Љубљана. Концертот насловен „Срцевина“ е најавен како прошетка низ 44-годишното творештво на групата предводена од Ристо Вртев.
Од „Адријатика рекордс“ велат дека групата работи на петтиот студиски албум, а дел од новите песни премиерно ќе бидат изведени на овој концерт. Првиот сингл од новиот албум наскоро ќе биде објавен.
Последниот албум на „Архангел“ е „Небесна машина“, што излезе во 2003.
(Фото: Адријатика рекордс)