Култниот македонски рок бенд „Архангел“ ја објави првата песна од својот нов албум, прв по пауза од повеќе од две децении. Со синглот „Дни оловни“, за кој музиката и текстот ги напиша фронтменот Ристо Вртев, бендот го најавува и самостојниот концерт „Срцевина“, закажан за 13 јуни на Стадионот на АРМ во Градски парк во Скопје.
Снимањето, миксањето и мастерингот на песната се правени во студиото „Клиник саунд“ на Нино Спиркоски во Скопје. На песната свират Иван Петровски на гитара, Филип Димишковски на клавијатури, Дејан Митровиќ на бас гитара и Александар Ванчовски на тапани
Снимањето и издавањето на новиот албум, како и организацијата на концертот, се реализираат под капата на издавачката куќа „Адријатика рекордс“.
(Фото: „Адријатика рекордс“).