НА 28 МАРТ ПОЧНУВА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ „5РЕ“ ВО ВЕЛЕС, РАСПИШАН Е КОНКУРС ЗА АКТЕРСКАТА НАГРАДА „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО“

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Општина Велес го распиша конкурсот за актерската награда „Петре Прличко“ за 2026. Предлог можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност, како драмски уметници, национални и локални  институции и здруженија на граѓани, а кандидатите треба да се професионални драмски актери и државјани на Македонија. Приоритет на конкурсот имаат драмските актери од средната генерација. Крајниот рок за доставување предлози е 12 март.

Наградата се врачува на театарскиот фестивал „5ре“ посветен на Петре Прличко, кој започнува од 28 март. Тричленото жири ќе биде објавено дополнително.

Досегашни добитници се Благоја Спирковски-Џумерко, Емил Рубен, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Мето Јовановски, Борис Чоревски, Петар Темелковски, Драган Спасов-Дац, Александар Ѓоргиев, Милица Стојанова, Кирил Гравчев, Диме Илиев, Младен Крстевски, Игор Џамбазов, Јордан Витанов, Слободан Степановски, Тони Михајловски, и Слободанка Чичевска.

П. ПЕЧКОВ 

Фото: На фестивалот „5ре“ во 2025 Синиша Евтимов ја доби наградата за најдобра режија за претставата „12“