Актерот Ноа Вајл стана првиот глумец кој ги освои сите главни телевизиски награди во една сезона, за неговата улога во серијата „Интензивна нега: Питсбург“ (The Pitt).
На доделувањето на Актерските награди во Лос Анџелес на 1 март, Вајл ја доби наградата за најдобар актер во драмска серија, а заедно со поширокиот актерски состав на „Пит“ ја доби и најголемата телевизиска награда, во категоријата извонредна изведба на актерски ансамбл во драмска серија.
Вајл претходно освои Златен глобус и Еми за најдобар актер во драмска серија, заедно со наградата од Асоцијацијата на телевизиски критичари за индивидуално достигнување во драма. Актерските награди претставуваат кулминација на признанијата што Вајл ги доби изминатиот период.
Во тек е втората сезона на медицинската драма на „Ејч-Би-О“, во која Вајл го игра д-р Мајкл Робинович во итната служба во болницата во Питсбург. Серијата доби многу пофалби поради реалистичниот приказ на предизвиците со кои се соочуваат здравствените работници во САД.
(Фото: Гети)