ЛИХТЕНШТАЈН Е НАЈМАЛКУ ПОСЕТЕНАТА ДРЖАВА ВО ЕВРОПА, МАКЕДОНИЈА Е НА ВТОРОТО МЕСТО

Лондон, (Тајм аут)

Европа долго време важи за најпосетениот континент на светот, но дури и тука има земји кои се недоволно откриени од меѓународните патници. Тур-операторот „Ривиера травел“ искористи податоци од Евростат за да дознае кои се најмалку посетените држави во Европа, според бројот на ноќевања.

На првото место се најде Лихтенштајн, каде што во 2024 имало само 228.579 ноќевања во туристичките сместувачки капацитети. Сместен меѓу Австрија и Швајцарија, Лихтенштајн често се посетува како еднодневен излет, што објаснува толку мал број посетители.

Македонија е на второто место со нешто повеќе од два милиона ноќевања во 2024, па следува Луксембург со 3,6 милиони ноќевања.

Во првите десет најмалку посетени држави се и Летонија, Црна Гора, Естонија, Албанија, Литванија, Малта и Србија.

(Фото: Шатерсток)