ДИКАПРИО ДОЈДЕ СО МУСТАЌИ НА ОСКАРИТЕ ПОРАДИ НОВ ФИЛМ НА СКОРСЕЗЕ

Лос Анџелес, (Вараети)

Леонардо ДиКаприо е ѕвездата на новиот филм на Мартин Скорсезе, „What Happens at Night“, а првата фотографија од снимањето откри зошто славниот актер носеше мустаќи на неодамнешната церемонија на доделување Оскари. Филмот се најавува како психолошка семејна драма, а покрај ДиКаприо, во главната улога е и Џенифер Лоренс.

Скорсезе и ДиКаприо истовремено ја споделија првата фотографија од филмот, во кој уште играат Мадс Микелсен, Патриша Кларксон и Џаред Харис.

Сценариото е адаптација на истоимениот роман на Питер Камерон и следи американска брачна двојка која патува во мал град во Европа за да посвои бебе.

И додека кариерата на ДиКаприо е тесно поврзана со Скорсезе, Лоренс првпат соработува со легендарниот филмаџија. Датумот на премиерата засега не е познат.