МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ГО ОБЕЗБЕДИ ЗЕМЈИШТЕТО ЗА НОВИОТ СТАДИОН СО 100.000 СЕДИШТА

Манчестер, (Ројтерс)

Манчестер Јунајтед го обезбеди поголемиот дел од земјиштето потребно за изградба на новиот стадион со 100.000 седишта, соопшти клубот. Јунајтед минатата година ги објави плановите за изградба на стадионот вреден две милијарди фунти, кој ќе биде најголемиот во Велика Британија.

Новиот стадион ќе се гради веднаш до постојниот „Олд Трафорд“.

Можноста да градиме толку блиску до ‘Олд Трафорд‘ ни овозможува да ги зачуваме наследството, традициите и ритуалите што се толку важни за нашите навивачи“, изјави Колет Рош, извршна директорка на развојот на новиот стадион.

Манчестер јунајтед освои 13 шампионски титули играјќи на „Олд Трафорд“ од 1910 година. Стадионот денес има 74.000 седишта, но не бил подложен на големи реновирања од 2006. Малцинскиот сопственик Џим Ретклиф преферира изградба на нов стадион место реновирање на „Олд Трафорд“.