Капитенот на Шпанија, Родри, влезе во исклучително мал круг фудбалери со триумфот на Шпанија во финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, на кое беше прогласен за најдобар играч. Родри со тоа стана само четврти фудбалер кој освоил светско и европско првенство, Лига на шампиони и Златна топка.
Првиот од овие четири трофеи го освои во 2023, кога со Манчестер јунајтед славеше во Лигата на шампионите, а следната година беше награден со Златна топка, откако ја предводеше Шпанија до титулата на ЕП во Германија.

Герд Милер и Франц Бекенбауер беа дел од истата генерација на Германија која ги освои ЕП 1972 и СП 1974 и заедно играа во Баерн кога стана европски првак во 1974, 1975 и 1976. Милер доби Златна топка нешто порано, во 1970, додека Бекенбауер ја прими во 1972 и 1976.
Четвртиот член на ова друштво е Зинедин Зидан, предводнкот на француската репрезентација која стана светски шампион во 1998, па европски две години подоцна. Со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите во 2002, а за најдобар фудбалер на светот беше прогласен во 1998.
(Фото: АП)