РЕЖИСЕРОТ ДАРКО МИТРЕВСКИ СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ДА ОДРЖИ МАСТЕРКЛАС НА „БРАЌА МАНАКИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонскиот сценарист и режисер Дарко Митревски, кој со години живее и работи во САД, ќе гостува на претстојниот Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, каде што ќе одржи мастерклас насловен „Како да НЕ снимите здодевен филм?“.

Митревски ќе сподели дел од неговите професионални искуства и неколку сценаристички „рецепти“ за помладите колеги. Мастеркласот е замислен како презентација на низа раскажувачки техники, со кои писателите го пленат вниманието на публиката уште од времињата на античката драма до епохата на современиот Холивуд.

Митревски е автор на некои од најгледаните македонски филмови, „Бал-кан-кан“ и „Трето полувреме, како и на популарните ТВ-серии „Уа, шнајдери!и „Досие Скопје.

Во САД, Митревски потпиша договор за отстапување на правата за две свои сценарија, кои очекуваат реализација, а неодамна излезе блуреј реиздание на неговиот првенец „Збогум на дваесетиот век“.