МАКЕДОНСКО-ПОРТУГАЛСКА ИЗЛОЖБА НА СКУЛПТУРИ И ГРАФИКИ ВО ЛИКОВНИОТ САЛОН ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложбата „Окупирани волумени“ на Александар Ефтимовски од Скопје и Марио Лопеж од Португалија. Авторите се претставуваат со скулптури изработени од камен и челик и со графики. Делата се создадени во Скопје во изминатиот период специјално за оваа изложба.

„Изложбата спојува две култури, македонската и португалската и ги претставува моменталните текови на скулптурата. Конкретна инспирација за моите дела не постои, постои ликовен тек, моментум кога авгорот создава, се надоградува и продолжува во непознатото“, рече Ефтимовски.

Тој се претставува со осум скулптури, а Лопеж со седум графики и пет скулптури.

„При престојот за магистратурата во Јапонија, работев дела во камен, но и уметноста окиуве, печатење на дела на дрво, претходно изрезбано. Јас работам графика во црно-бела техника, како сенка. Техниката е мошне лесна за учење. Во моите техники јас повеќе истражувам кога работам. Така изработив скулптура од плута, бидејќи Португалија е голем изработувач и извозник на плута“, рече Лопеж.

П. ПЕЧКОВ