СРНА ШЕКЕРОВА ОД СКОПЈЕ Е ПРВА ПРИДРУЖНИЧКА НА „МИС НА СВЕТОТ- НОВА ГЕНЕРАЦИЈА“ ВО СРБИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дваесетгодишната Срна Шекерова од Скопје го освои второто место, односно титулата прва придружничка, на првото издание на меѓународниот избор за убавина „Мис на светот – нова генерација“, што се одржа во Фрушке Терме, Србија.

Шекерова освои уште една титула како претставничка на Македонија откако победи на натпреварот за Мис талент, каде што се претстави со танцова и вокална изведба.

Победничка на изборот е претставничката на Конго, а титулата втора придружничка ја освои претставничката на Русија.

„Мис на светот – нова генерација“ е нов меѓународен избор за убавина. Лиценцата за Македонија ја има модното студио „Црнокрак“, чија членка е Шекерова и преку кое настапуваше на изборот. На финалната вечер, Шекерова се претстави во фустан изработен од македонската модна креаторка Наташа Карчева.