ОГНЕН ЗДРАВКОВСКИ СНИМИ СПОТ ЗА НОВАТА БАЛАДА „ОСУДЕНИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Огнен Здравковски ја промовираше новата балада „Осудени“ на 41. издание на фестивалот Макфест во Штип. За песната е објавен и видеоспот.

„Оваа песна ја посветувам на секој што некогаш изгубил љубов. И јас се наоѓам во секој збор од ‘Осудени’. Ако барем еден човек се препознае во неа и почувствува дека не е сам, тогаш песната го исполнила своето“, вели Здравковски.

Музиката, аранжманот и мастерингот се на Димитар Андоновски, а текстот е на Магдалена Цветкоска-Ена. Спотот е снимен на малата сцена на Националната опера и балет, во режија на Гордан Божиновски.