НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР СО КОНЦЕРТИ ВО ЧЕШКА И БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Националниот џез оркестар ќе одржи два концерта во Чешка и Босна и Херцеговина, на 2 и 4 ноември.

Вечерва (2 ноември), комбо ансамблот на оркестарот ќе настапи во концертниот простор „Петроф галери“ во Храдец Кралове, Чешка, со авторски композиции на македонски џез-музичари. Во ансамблот свират Трајче Велков на труба, Кирил Кузманов на алт-саксофон, Иван Иванов на тенор-саксофон, Гордан Спасовски на пијано, Кирил Туфекчиевски на контрабас и Виктор Филиповски на тапани.

На 4 ноември, Националниот џез оркестар ќе го отвори јубилејното 30. издание на „Џез фест Сараево“ со концерт во Народниот театар во Сараево. Под диригентство на Владимир Николов, оркестарот ќе ја изведе програмата „Македонски соништа“ (Macedonian Dreams), која ги спојува македонската традиционална музика, народните мелодии и ритми со современиот џез.

Програмата претходно беше изведена во Будимпешта, Прага, Виена и Брисел.