ЗОИ КРАВИЦ, НИКОЛАС ХОЛТ И ПИТ ДЕЈВИДСОН ГО ПРЕТСТАВИЈА НОВИОТ ФИЛМ „КАКО ДА ОГРАБИШ БАНКА“ ВО ЊУЈОРК

Њујорк, (Ју-Ес-Еј тудеј)

Холивудските актери Зои Кравиц, Николас Хоулт и Пит Дејвидсон се појавија на премиерата на новиот акционен филм „Како да ограбиш банка“, која се одржа во Њујорк. На црвениот тепих им се придружија и колегите Џон Си Рајли, Ана Саваи и Кристијан Слејтер.

Филмот, во режија на Дејвид Лич, раскажува за група ограбувачи на банки кои ги снимаат своите грабежи и ги објавуваат на социјалните мрежи, стекнувајќи огромна популарност. Но, нивната интернет слава го привлекува вниманието на искусен агент на ФБИ и талентиран софтверски инженер, кои се обидуваат да ги откријат пред нивниот најголем грабеж.

Лич е познат по акционите филмови „Дедпул 2“, „Брз воз“ и „Каскадер“.

„Како да ограбиш банка“ ќе почне да се прикажува во кината на 13 ноември.

(Фото: Гети)