Денеска (12 ноември) во 18:30 часот, во Мултимедијалниот центар Мала станица, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ) ќе се отвори изложбата „Фемина 8: Женска книга, феминистичко писмо, политичко тело“. Кураторка е Сузана Милевска.
Организатор е Друштвото на ликовните уметници на Македонија, а изложбата е дел од актуелното одбележување на 80-годишнината од неговото постоење.
Ќе се изложат дела од Кристина Божурска, Лилјана Ѓузелова, Зорица Зафировска, Ана Лазаревска, Јана Манева–Чупоска, Шќипе Мехмети и Виолета Чаповска. Изложбата е посветена на Лилјана Ѓузелова (1935-2018) и на нејзиното последно дело „Женска книга“ од 2010, обезбедено со позајмица од нејзиниот син Игор Хаџи-Бошков.