Легендата на техното Карл Кокс беше прогласен за Офицер на Редот на Британската Империја (ОБЕ) во замокот Виндзор. Британскиот диџеј и продуцент го прими престижното признание од принцот Вилијам за неговиот извонреден придонес во музиката, одбележувајќи речиси 50 години откако почна да настапува
Кокс допатува од САД во Велика Британија за да го прими медалот, при што му се придружија неговите сестри и девојка.
„Ова беше неверојатен ден што никогаш нема да го заборавам. Многу сум горд и знам дека и моите мама и тато би биле многу горди на мене. Го правам ова многу години и се надевам дека ќе продолжам уште долго да ја споделувам мојата љубов кон музиката. Апсолутно сум возбуден и длабоко почестен“, рече Кокс.
(Фото: Фејсбук)