СПИЛБЕРГ ЌЕ СНИМА ВЕСТЕРН ПО СЦЕНАРИО НА ПОЛ ТОМАС АНДЕРСОН

Лос Анџелес, (Дедлајн)

Стивен Спилберг го најави својот следен проект: вестерн по сценарио на Пол Томас Андерсон. Според сајтот „Дедлајн“, тие ќе соработуваат на адаптација на романот на Кевин Бери од 2024, „The Heart in Winter“, кој ја раскажува приказната за двајца бегалци од законот во 1890-тите.

Филмот треба да ги спои актерите, добитници на Оскар, Џеси Бакли, Килијан Марфи и Марк Рајланс. Датумот на премиерата сè уште не е потврден, но се верува дека филмот ќе излезе во 2028 година.

„Навистина ми е возбудливо што ќе работам со мојот драг пријател и колега Пол Томас Андерсон на приказна што доста брзо ни стана блиска на срцата и чувствувавме дека можеме да ја направиме како тим“, изјави Спилберг за „Дедлајн“.

Минатата година, Спилберг откри дека имал желба да снима вестерн, но дека „тоа е нешто што му бегало сите овие децении“.

Ова ќе биде првпат Андерсон да напише целосно сценарио за друг режисер. Тој оваа година освои три оскари за „Една битка по друга“.

(Фото: Гети)