МАЈСПЕЈС ПРИЗНА ДЕКА НЕНАМЕРНО ИЗБРИШАЛ 50 МИЛИОНИ ПЕСНИ ОБЈАВУВАНИ 12 ГОДИНИ

Њујорк, (Би-Би-Си)

МајСпејс, една од првите социјални мрежи на интернет, се извини откако мигрирање на серверот предизвикало огромна загуба на податоци.

„Сите фотографии, видеа и аудиоснимки поставени до 2015 година веќе не се достапни. Се извинуваме за непријатноста“, се вели во пораката на сајтот, откако последниве месеци имало чести поплаки дека линкови до музика веќе не функционираат.

МајСпејс, кој во 2006 година беше најпосетуваниот сајт во САД, надминувајќи го дури и Гугл, остана популарна платформа за споделување музика и помогна да се лансираат кариери на музичари како „Арктик манкис“ и Кејт Неш.

Енди Бајо, еден од основачите на сајтот „Кикстартер“, проценува дека можеби се изгубени 50 милиони песни од повеќе од 14 милиони музичари низ цел свет, што биле објавени во периодот од 2003 до 2015 година.

МајСпејс беше купен од „ЊузКорп“ во 2005 за 580 милиони долари, а од 2011 е во сопственост на маркетиншката компанија „Спесифик медија“.