Макс Клименко е прогласен за тиктокер на годината на вторите годишни награди на ТикТок, чие доделување се одржа во Лондон. Триесетгодишниот Клименко, кој е роден и пораснат во Украина, ја освои главната награда за креатор на годината за својата серија за кариерни скали, за која вели дека е најпопуларно неанимирано шоу на светот.
Во случај да не сте го виделе, Клименко ги поставува своите скали на јавни места и ги поканува минувачите да му се придружат. Додека стојат на скалите, тој се обидува да ја погоди нивната професија со низа прашања на кои одговараат со да иле не.
„Благодарен сум што мојата содржина беше препознаена бидејќи потребни се часови за да се направи сè што го гледате кога скролате во тоалетот или креветот“, кажа Клименко.
Тој дошол во Велика Британија од Украина пред 14 години и кажа дека почнал да создава содржина затоа што сметал дека е невозможно да најде работа за да започне своја кариера. Клименко, кој има 8,5 милиони следбеници на ТикТок, ја посвети наградата на баба му во Украина, велејќи дека „таа нема струја за да го следи доделувањето“.
Вкупно беа доделени награди во 12 категории.
Наградата за видео на годината ја доби 56-годишната Беми Ороџуогун, попозната како автобуска тетка. Нејзиното победничко видео има собрано речиси 50 милиони прегледи.