ЅВЕЗДИТЕ НА „ИГРА НА ТРОНОВИ“ РОУЗ ЛЕСЛИ И КИТ ХАРИНГТОН ГО ДОБИЈА ВТОРОТО ДЕТЕ

Лондон, (Скај)

Ѕвездите на серијата „Игра на тронови“, Кит Харингтон и Роуз Лесли, го добија второто дете. Публицистката на Харингтон изјави дека тие се пресреќни со приновата, додавајќи дека Лесли родила ќеркичка, чие име не беше објавено.

Актерите кои се прославија со улогите на Џон Сноу и Игрит ја почнаа врската уште во 2012, но официјално го потврдија тоа дури во 2016. Се венчаа две години подоцна во Шкотска, а во февруари 2021 добија син.