Skip to content
    
    
        
    
    
        
            
                
                    
                        
                            
                                
    
        
                    
        
        
            
            Ни љубовта и омразата меѓу клучот и катанецот, ни притаената светлина во купениот кибрит; ништо не е повидливо од твојата трага пред мене и зад мене, со мене и во мене.
            
            
         
     
    
        
                    
        
        
            
            Брат за брата, сирење за пари.
            
            
         
     
    
        
                    
        
        
            
            На сон да пејш песна, ќе се караш.
            
            
         
     
    
        
                    
        
        
            
            Далеку оди, ама и за дома мисли.
            
            
         
     
    
        
                    
        
        
            
            Чесната смрт сиот живот ќе го прослави.
            
            
         
     
    
        
                    
        
        
            
            На сон да се качиш на некој висок чардак, ќе спечалиш нешто.
            
            
         
     
    
        
                    
        
        
            
            Комарец се буди како човек. Мавта со рацете, но не може да летне. Ја отвора устата за да зуи, ама место тоа вели:  Човек се буди како комарец. Сака да се пожали дека вчера одвај се спаси од дланките на син му, ама летнува зуејќи.
            
            
         
     
    
        
                    
        
        
            
            Во секое село треба да имаш по еден пријател.
            
            
         
     
    
        
                    
        
        
            
            А колку би било поинаку, кога болката би ја чувствувал и оној што ја предизвикува.
            
            
         
     
    
        
                    
        
        
            
            Гајрет на болниот, додека не му излези душата.