Комарец се буди како човек. Мавта со рацете, но не може да летне. Ја отвора устата за да зуи, ама место тоа вели: Човек се буди како комарец. Сака да се пожали дека вчера одвај се спаси од дланките на син му, ама летнува зуејќи.