АКТЕРОТ БЕРИ КЈОУГЕН СЕ СОБЛЕЧЕ ГОЛ ЗА 30. ХОЛИВУДСКО ИЗДАНИЕ НА „ВЕНИТИ ФЕР“

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Ирскиот актер Бери Кјоуген се соблече гол за специјалното годишно холивудско издание на „Венити фер“, потсетувајќи на познатата завршна сцена од неговиот филм „Солтбурн“.

Триесет и едногодишниот Кјоуген, кој лани беше номиниран за Оскар, носи елегантно одело на „Гучи“ за насловната страница, каде што позира со уште десетмина актери и актерки од холивудската А-листа.

„За среќа, не ја повторивме сцената со гробот“, се пошегува Кјоуген, алудирајќи на една од контроверзните сцени од „Солтбурн“.

„Мислам дека голотијата е вистинска уметност. Убаво е да се гледа. Исто така е вистинска ранливост, зашто се ставате себеси во најранлива состојба“, кажа Кјоуген.

Одбележувајќи го своето јубилејно 30. холивудско издание, „Венити фер“ на насловната страница ги стави и Бредли Купер, Натали Портман, Педро Паскал, Колман Доминго, Џоди Комер, Лили Гледстоун, Грета Ли, Чарлс Ментон, Давајн Џој Рендолф и Џена Ортега.