ФИФА ќе им додели шампионски прстени на победниците во финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, во кое на 19 јули ќе се сретнат Шпанија и Аргентина. Ова е првпат да се воведува ваква практика, која е вообичаена во американските професионални спортови.
Ќе бидат доделени 30 прстени, а уште 1.996 прстени ќе бидат достапни за продажба.
Шампионскиот трофеј ќе го врачи американскиот претседател Доналд Трамп, кој не присуствуваше на ниеден од досегашните 102 натпревари од првенството. Финалето се игра на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси.
(Фото: ФИФА)