ХОТЕЛ ВО МАЛЕЗИЈА СО ПОВЕЌЕ ОД 7.000 СОБИ И ТРИ ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ Е НАЈГОЛЕМ ВО СВЕТОТ

САД, (Дејли Паспорт)

Хотелот „First World“, на планината Титивангса во централно-западна Малезија, е хотел со најголем број на соби во светот. Има вклупно 7.351 соби кои зафаќаат три згради со светли бои, во стилот на Лас Вегас. Собите се од 180 до 430 квадратни метри. Гостите во хотелот можат да играат голф, да пешачат во тропска прашума, и да се забавуваат во трите трговски центри и петте забавни центри.

Венецијанскиот хотел во Лас Вегас не е само најголемиот хотел во Лас Вегас, туку и најголемиот хотелски комплекс во САД. Секој од 7.117-те елегантни апартмани нуди приватен станбен простор и раскошна бања со италијански мермер. Дури и најмалите соби се значително поголеми од просечната соба во Лас Вегас.

Венецијанскиот хотел во Лас Вегас (Фото: Гети)

„МГМ Гранд ресорт“ во Лас Вегас, Невада има 6.852 соби. Меѓу нив се повеќе апартмани со една и две спални соби со најсовремени велнес технологии. Хотелот нуси 24-часовна услуга на батлер.

Хотелот „Абраџ Ал Баит“ во  Мека, Саудиска Арабија има 6.000 со поглед на најсветиот град според исламот, Абраџ Ал Баит. Хотелот е комплекс од кули во кои се сместени колекција од седум хотели. Тоа е дел од Проектот за донации на кралот Абдулазиз, план за модернизација на Мека.

Хотелот „Абраџ Ал Баит“ во  Мека, Саудиска Арабија (Фото: Гети)

„Лондонер“ во Макао има 6.000 соби и е уникатна колекција од пет луксузни хотелски брендови, сите на една единствена локација која го носи прекарот „Азискиот Лас Вегас“. Заедно, овие хотели имаат повеќе од 6.000 соби, од кои сите се дизајнирани да го евоцираат духот на викторијанската ера. Сместувања ги вклучуваат 14-те нарачани апартмани од Дејвид Бекам.