Турција доби нов град на духови, откако изградбата на луксузна населба во близина на Мудурну, село на половина пат меѓу Истанбул и Анкара, беше запрена минатата година поради банкрот на инвеститорот. Иднината на речиси 300 мали замоци на Бурџ ал Бабас, кои чинеа околу 174 милиони евра, сега е неизвесна.

Инвеститорите и натаму се надеваат дека проектот ќе заживее оваа година (Фото: Гети)

Изградбата на одморалиштето наменето првенствено за богати туристи почна во 2014 година и проектот вклучуваше и турски бањи и забавен комплекс. Биле продадени само неколку замоци во стилот на Дизни вредни по 436.000 евра, по што неколку инвеститори се повлекле. Од 732 планирани домови, 587 се комплетирани и компанијата сега е во долг од 20 милиони фунти.

Проектот од старт беше омразен меѓу локалните жители, кои велеа дека тој нема никакви допирни точки со традиционалната архитектура од оваа област.

„Потребно е да продадеме 100 вили за да го отплатиме долгот. Верувам дека можеме да ја надминеме кризата во рок од четири-пет месеци и делумно да го отвориме проектот во текот на оваа година“, велат од групацијата „Сарот“, која е носител на проектот.