МОСТ ШТО СЕ ИЗВИТКУВА КАКО ЗМИЈА ИЗГРАДЕН НА ЕЗЕРО ВО ШАНГАЈ

Шангај, (Дезин)

Мост што се извиткува како змија и содржи зеленило и простори за играње и одмор поврзува два брега на езерото Јунданг во Шангај. Пешачко-велосипедскиот мост долг 586 метри е дело на кинески и австралиски архитекти и е опишан како хибридна структура, која ги меша архитектурата, инфраструктурата и пејзажот со локалните патеки и природа.

Мостот е хибрид од повеќе елементи кои вообичаено не се гледаат на мостови, па комбинира вегетација, павиљони и специјално дизајнирани простори за играње и одмор. Зеленилото беше наш личен додаток“, вели директорот на студиото „БАУ“, Џејмс Брирли.