Втората Сфера во светот ќе се гради во Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати, откако првата голема купола беше отворена во Лас Вегас минатата година.
Одделот за култура и туризам на Абу Даби објави дека потпишал договор со компанијата „Сфир ентертејнмент“ за изградба на Сфера според нејзините дизајни. Финансиските детали од договорот не се познати.
Огромната Сфера во Лас Вегас чинеше 2,3 милијарди долари и во неа се одржуваат концерти и спортски настани. Со височина од 111 метри и широчина од 157 метри, тоа е најголемата сферична структура во светот.
Ваков објект требаше да се гради и во Лондон, но градоначалникот Садик Кан го одби планот.