ПРЕТСТАВЕН ДИЗАЈНОТ НА ХРАМОТ ШТО ЌЕ БИДЕ ЗАПАЛЕН НА КРАЈОТ НА ФЕСТИВАЛОТ БРНИНГ МЕН 2024

Њујорк, (Дезин)

Тим предводен од уметницата Керолајн Гон го претстави дизајнот на централниот храм на годинашниот фестивал Брнинг мен, кој традиционално се одржува во пустината во Невада. Наречен Храм на заедништвото, структурата ќе комбинира елементи на црковна, готска архитектура и на либански техники на ткаење и ќе биде висока повеќе од 70 метри.

Гон соработувала со архитектката Маиса Садер на дизајнот на храмот кој ќе биде запален на крајот на деветдневниот фестивал во септември.

Структурата ќе има надворешна ограда со порта покриена со монументална скулптура во форма на две раце чии прсти се допираат. Од масивниот централен столб ќе се проектира светлосен зрак ноќе.

Структурните елементи ќе бидат направени од ново дрво, а оградата и сводовите од дрво рециклирано од поранешни инсталации.