СЛАВНОТО ЛОНДОНСКО СТУДИО „ЗАХА ХАДИД“ ГО ДИЗАЈНИРАШЕ НОВИОТ МУЗЕЈ НА НИКОЛА ТЕСЛА ВО БЕЛГРАД

Белград, (Н1)

Славното лондонско архитектонско студио „Заха Хадид“ победи на меѓународниот конкурс за новата зграда на музејот на Никола Тесла во Белград, на што соработуваше со домашното студио „Кјуб партнерс“.

Српскиот министер за култура Никола Селаковиќ изјави дека новото седиште на најпосетуваниот музеј во Србија ќе биде зградата на некогашната фабрика за хартија „Милан Вапа“, во која подоцна беше сместена фирмата „Југошпед“.

Ова ќе биде еден од најважните културни центри не само во Србија, туку и на Балканот. Благодарение на победничкото архитектонско решение, кое ќе биде доработено, уверен сум дека Белград ќе добие една симбиоза на стара класична, индустриска и модерна архитектура“, кажа Селаковиќ.

Со преселбата во новиот дом, музејот ќе биде проширен од сегашните 250 на речиси 6.000 квадратни метри. Музејот оваа година го посетиле 180.000 луѓе.