БАНКСИ ГО ПРЕТСТАВИ НОВИОТ ГРАФИТ, БЕЗ ДА ОТКРИЕ КАДЕ СЕ НАОЃА

Лондон, (Би-Би-Си)

Банкси го претстави својот нов графит, но не откри каде се наоѓа. Фотографијата објавена на инстаграм профилот на мистериозниот уметник прикажува светилник на бел ѕид, придружен од зборовите „Сакам да бидам тоа што го виде во мене“. На плочникот има лажна сенка, која води до метално столпче.

На социјалните мрежи почна да се шпекулира каде се наоѓа новото дело на Банкси и многумина сметаат дека станува збор за Марсеј,

Иако делата на Банкси често се коментар на општествените случувања, значењето на новиот графит засега не е јасно и предизвика дебати на интернет.

(Фото: Инстаграм)